СО ВАШАТА ДОНАЦИЈА

Овозможувате непречена работа на сите сервиси и активности при Детската амбасада Меѓаши како и остварување на визијата за поправеден свет за секое дете!

24 часовна психосоцијална поддршка за децата и младите
Да се слушне гласот на децата од носителите на функции
Активизам
Поддршка на ранливи категории
Елементарни и друг вид непогоди
Достигнувања и заложби

АЛОБУШАВКО ЛИНИЈА И ПЛАТФОРМА ЗА ПОМОШ И ПОДДРШКА НА ДЕЦА И МЛАДИ

Ало Бушавко, претходно познат како СОС телефон за деца и млади, во рамките на Првата детска амбасада во светот “Меѓаши”, формиран 1993 година, е прв телефон за деца и млади во Македонија. Ало Бушавко при Меѓаши е место каде децата и младите може да разговараат за своите чувства, проблеми, ситуации кои не ги разбираат, да пријават прекршување на некое нивно право или да се информираат за работи од нивен интерес или за своите права….

Види повеќе

ЗАСТАПУВАЊЕ ЗА ПРАВАТА НА ДЕЦАТА

Првата детска амбасада во светот Меѓаши покрај проектните активности поврзани со заштита на детските права има бројни активности кои ги спроведува вон проектите. Посветеноста кон заштитата на детските права, кон нашата визија и мисија многу често значи и поддршка на граѓански иницијативи, следење на јавни политики, следење на актуелните случувања поврзани со децата, истражувања на состојбите со добробита на децата итн….

Види повеќе

АКТИВИЗАМ

Детската амбасада Меѓаши низ годините постојано е активна на повеќе полиња во кои се засегнати децата и нивните права, организирајќи активности и поддржувајќи иницијативи вон нашите тековни програми и проекти. Активизмот на Детската амбасада МЕЃАШИ го препознаваме преку плејада на активности, проектни и вонпроектни. Во овој контекст ќе збориме за ,,вонпроектниот“ активизам...

Види повеќе

СЕРВИС ЗА ПОДДРШКА НА РАНЛИВИ КАТЕГОРИИ

Ало Бушавко, претходно познат како СОС телефон за деца и млади, во рамките на Првата детска амбасада во светот “Меѓаши”, формиран 1993 година, е прв телефон за деца и млади во Македонија. Ало Бушавко при Меѓаши е место каде децата и младите може да разговараат за своите чувства, проблеми, ситуации кои не ги разбираат, да пријават прекршување на некое нивно право или да се информираат за работи од нивен интерес или за своите права….

Види повеќе

КРИЗЕН ФОНД ЗА ИТНИ ИНТЕРВЕНЦИИ

Кризниот фонд подразбира средства, добра, услуги, човечки ресурси во својство на време и се друго што се вложува во подршка на дадена група луѓе во даден момент на итност, трагедија, опсаност,непогода, ризик по живот и др. Ваквите моменти се најчесто тешко предвидиливи или непредвидливи и за итна реакција потребна е мобилизација на сите претходно наведени типови на придонес. Преку елекронските донации може да донирате парични средства додека вашите добра, услуги, време и друго на начини обајснети во делот за донации во добра и услуги...

Види повеќе

ДОНАЦИЈА ВО ДОБРА ИЛИ УСЛУГИ, ИМОТ ИЛИ ДРУГ ВИД ДОНАЦИЈА

Доколку сакате да дадете поддршка секогаш може да го направите тоа на начин кој за вас е најсоодветен. Првата детска амбасада во светот Меѓаши има потреба од поддршка во неколку клучни области за кои донациите може да се реализираат и преку добра и услуги или на друг начин.

Види повеќе

СТАТИСТИКА НА ДОНАТОРИ

Види повеќе

НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

1. Дали мојата донација е анонимна?

Вашата донација е целосно анонимна. Првата детска амбасада во светот Меѓаши може да ги објави имињата на компаниите и индивидуалните донатори доколку тие се согласни со тоа.

2. Дали Првата детска амбасада во светот Меѓаши е организација од доверба?

Првата детска амбасада во светот Меѓаши е препознаена како една од организациите со најголема доверба меѓу граѓаните во повеќе истражувања, посветеноста кон практикување на транспарентно и отчетно работење започнува со самиот почеток од 1992 година. Меѓаши редовно јавно ги прикажува финансиските и годишни извешаи како и ревизорски мислења, редовно ги објавува акивностите кои ги спроведува на социјалните мрежи и веб страни од каде граѓаните лесно можат да ги следат активностите.

3. Дали треба да се склучи договор за ваков вид на донација?

Доколку сте индивидуален донатор или компанија која не сака да користи ослободување од данок на добивка тогаш не е потребно склучување на договор за донации кои се направени преку инернет. При самиот процес на донација добивате известување кое треба да го потврдите дека сте согласни според законот да направите донација. Веднаш по направената донација на вашиот е-маил ќе добиете потврда за направена донација.

3. Дали со донацијата мојата компанија ќе добие ослободување од данокот на добивка?

Донациите направени преку интернет неможе да добијат ослободување од данок на добивка. За да може да бидете ослодобени од данок на добивка потребно е склучување на договор за донација за која треба да се добие потврда за јавен интерес од министерството за правда и уплата на средствата на трансакциска сметка на организацијата. По добивање на позитивен одговор добивате право на ослободување од данок на добивка.

Scroll to top