Донација во добра или услуги, имот или друг вид донација

Доколку сакате да дадете поддршка секогаш може да го направите тоа на начин кој за вас е најсоодветен. Првата детска амбасада во светот Меѓаши има потреба од поддршка во неколку клучни области за кои донациите може да се реализираат и преку добра и услуги или на друг начин.

Потребни донации во добра и услуги

  1. Реновирање на просторот во која работи тимот на Првата детска амбасада во светот Меѓаши

- Руинирана фасада и кровни површини (објектот во кој работи тимот на Меѓаши е сериозно оштетен и потребно е реновирање како од надворешна страна така и од внатре поради избиена влага во повеќе канцеларии. Потребно е отстранување на дрвата кои растат веднаш до објектот бидејки влагата ја спроведуваат во подрумскиот дел каде состојбата е вистински лоша. Просториите прикажани на сликите во прилог се повеќе пати реновирани и направени се соодветни чекори за заштита од влага од внатрешна страна со краткорочен ефект. Потребна е санација на фасадата и кровните површини по што треба санација на внатрешните простории)

  1. Нов инвентар (плакари, бироа, фиокари, столици и друг канцелариски мебел)

- Тимот на Меѓаши многу ретко наменува средства за набавки на мебел и инвентар, поради тоа со тек на време иститот се амортизира и има потреба од промена и обновување. Доколку има компанија која би сакала да донира канцелариски мебел и инвентар за тимот на Меѓаши тоа би ни значело многу)

  1. Донација на облека и обувки 

- Во рамките на Првата детска амбасада во светот Меѓаши функционира сервисот за secondhand – облека од втора рака, каде лица со поголеми животни предизвици може да си најдат парче облека или обувки. Донациите во овој сервис ги прави главно локалното население од општина Аеродром и секогаш има потреба за повеќе донации од облека и обувки. Донираната облека потребно е да е испрана и чиста

  1. Донација на храна 

- Досега донациите од прехрамбени произоди биле во соработка со пекари, бурекџилни и други производители на бели пецива. Би ја издвоиле соработката со Бурекџилната Ваташа која повеќе од 10 години несебично донираше дел од своите производи за семејствата во ризик кои ги користеа сервсите при Меѓаши. Во моментот немаме донации од храна, но доколку има компанија која сака да донира секако ние имаме кому да ја донираме и ќе успееме да израдуваме дополнително значаен број семејства.

  1. Донација во апарати за домаќинство, мебел и покуќнина 

- Ваков вид на донации досега добивала Првата детска амбасада во светот Меѓаши при што поради големината и тежината на производите а воедно и недостатотокот на човечки потенцијал како и транспортни средства било тешко спроведувањето на истите. Во моментот праксата е да ги поврзуваме донаторите на ваков вид на донации директно со лицата кои имаат потреба од истите и тие меѓусебно да ги договорат условите и начинот на предавање/преземање на истите)

Услуги

  1. ИТ стручна поддршка 

- Првата детска амбасада во светот Меѓаши со помош на волонтери кои имаат стручни знаења во оваа област ги решава најголемиот број од предизвиците на современото време и работа, за жал некогаш потребни се експерти во областа за решавање на некој поголем проблем. ИТ компании кои имаат разработено програма за општествена одговорност која вклучува бесплатна стучна помош би можеле да ни помогнат со овозможена посета од стучно лице еднаш во месецот.

  1. Правна поддршка - Адвокатска канцеларија

- Праксата за разрешување на најралични прекршувања на детските права главно се спроведува преку институциите на државата. Во одредени случаи имало потреба од професионална правна заштита пред судовите во државата но имало и потреба при секојдневното работење за правни консултации. Соработка со Адвокатска канцеларија со поголемо познавање од областа на детските права би бил голема поддршка за работата на Детската амбасада Меѓаши.

  1. Маркетинг и рекламирање

- Претпознатливоста на Првата детска амбасада во светот Меѓаши е достигната преку присутноста во традиционалните и современите електронски медиуми каде се презентираат активностите и постигнувањата. Праксата на транспарентно и отчетно работење како и посветеноста на целиот тим на Детската амбасада Меѓаши во креирање на поправеден свет за секое дете доведе до поголема доверба меѓу граѓаните! Доколку некоја од маркетинг компаниите сака да се вклучи и да помогне Меѓаши да допре до повеќе граѓани, тоа за нас би преставувало повеќе време за други активности.

  1. Просотор за кутија за донации на Меѓаши

- Доколку сте компнија кој врши продажна дејност, каде има купувачи и работа со готовина и воедно сакате да дадете придонес и поддршка на активностите на Меѓаши, може да не побарате со цел склучување договор за поставуање на кутија за донации.

Имот

  1. Донација на имот 

- Работниот простор (објект) во кој работи првата детска амбасада во светот Меѓаши е добиен на користење од Министерството за одбрана. Во рамките на дадениот простор во моментот задоволени се потребите за моменталните активности односно канцелариско работење. Обновување на работата на дневниот центар за деца кои не одат на училиште не би можеле да направиме поради лошата состојба на просториите и поради потребата од поголем простор). Донациите на имот се почеста пракса во некои од европските земји, но доколку се јави физичко или правно лице кое сака да направи ваков вид на донација Детската амбасада во тој случај би добила за првпат сопствен имот.

Други видови на донација

  1. Донации во парични средства

- електронски донации во пари со Visa и Mastercard преку Виртуелниот ПОС терминал на веб страната на Првата детска амбасада во светот Меѓаши

- Донации во пари во кутии за донација поставени во маркети, молови и други пофрекфентни места

- донации преку договор за донации

- донации преку крауд фандинг активности

* Согласно член 12 од ЗДСЈД, давателот и примателот на донацијата и спонзорството имаат право на даночни поттикнувања предвидени со ЗДСЈД. За таа цел давателот и примателот склучуваат писмен договор за донација. Согласно члено 21 од ЗДСЈД на барање за потврдување на јавен интерес поднесено од страна на давателот или примателот на донацијата, односно спонзорството, Министерството за правда издава решение со кое се потврдува јавниот интерес на дадената донација или спонзорство.

  1. Волонтерство

- Донацијата на вашето време односно волонтирањето со цел придонес кон исполнување на мисијата и визијата на Првата детска амбасада во светот Меѓаши е најчеститот и најблагороден начин на давање/донирање. Со вашето време, знаење, желба, љубов, посветеност можете да направите многу за децата и семејствата кои имаат различни видови на потреби во даден момент. Вредноста на времето на секој поединец е непроценлива и ние во Меѓаши го знаеме тоа и сме благодарни на нашите волонтери и поддржувачи кои несебично го вложуваат своето време во креирање на поправеден свет за секое дете.

Економски активности

  1. Новогодишни честитки

- Првата детска амбасада во светот Меѓаши 18 години врши продажба на новогодишни честитки. Идејата за отпочнување со продажба на честитки датира од 1997 година кога тогашниот тим на ПДАС Меѓаши предвидел 10 столбови на оддржливот меѓу кои и продажбата на честитки. Со цел да се обезбеди организациска одржливост започнала продажбата на новогодишни честитки во 2005 година што до денес претставува значаен приход за органзиацијата.

  1. Донаторски настани 
  2. Тимот на Првата детса амбасада во светот Меѓаши неколку пати досега органзиаирал настани со цел генерирање приходи за активностите. Како најнов пример е аукцијата по повод 30 годишнината „Да ги вратиме детските насмевки во мода“ на кој се приклучија многу компании и индивидуалци.
  3. Е-комерц

- Производите на Меѓаши и соработниците на www.Bushavko.mk каде се продаваат уникатни производи преку чија продажба организацијата обезбедува средства за вонпроектните активности, сервиси, услуги и потреби. Нашата цел е да овозможиме секој еден чинител во општеството доколку сака да даде поддршка да може да го направи тоа не било кој од пртходно наведените начини.