12. јуни - Меѓународен ден против злоупотреба на детскиот труд.


Првата детска амбасада во светот – Меѓаши потсетува дека, и покрај тоа што Република Македонија пред 6 години ја ратификуваше Конвенцијата против злоупотреба на детскиот труд, состојбата и понатаму е повеќе од алармантна. Над 18.000 деца не се вклучени во системот на образование, а најмалку 1.000 деца го поминуваат своето детство на улица, живеејќи под ведро небо и без родителска грижа и надзор.
 
Во досегашните истражувања и анкети правени низ Македонија, децата кои се на улица, се поделени во неколку групи: деца без родители, деца со еден родител, деца на разведени родители, деца во нарушени семејни односи. Околу 30% од децата на улица,  се деца без родители.

 

Децата на улица во Република Македонија ги има од сите возрасти и националности, но најмногубројни - 58%, се Роми. Исто така, загрижува и сознанието дека: 15,5% од децата на улица се од предучилишна возраст, 64% на возраст од 7 до 14 години, 88, 5 % манифестираат социјално неприфатливо однесување, а 11, 5% имаат толерантно социјално однесување (според Заводот за социјални дејности во Скопје).

 
 Злоупотребата на детски труд подразбира работа на деца кои се под возраста одредена со закон. Но напоменуваме дека, злоупотреба на детскиот труд не значи само физичка работа, туку и комерцијална сексуална злоупотреба  (детска проституција и порнографија), трговија со деца, деца војници.

Во светот има приближно 246 милиони деца, на возраст од 5-17 години, чиј труд се злоупотребува. Тоа е речиси популацијата на САД (293,027,571)! Од таа бројка околу 186 милиони се деца под 15 години. Поразувачки е дека мнозинството, односно 110 милиони се деца под 12 години. 

Митови поврзани со детскиот труд

1: Децата треба да работат поради сиромаштијата.

Иако повеќето детски работници доаѓаат од сирамашни семејства, сепак сиромаштијата не е единстевната причина поради која децата работат, ниту пак е најважната.

Последните истражувања за улогата на сиромашријата при детската работа кажуваат дека постојат други фактори – родителите не ја ценат улогата на образованието, особено на девојчињата, а неуспешните образовни системи еднакво допринесуваат за детскиот труд. Премногу често, сиромаштијата се користи како изговор за детски труд. Сепак, мислењето дека детскиот труд нема да елиминиран додека не се искорени сиромаштијата, е мит.
Соодветно, сиромаштијата нема да биде искоренета се додека детските работници не се пренасочат на училиште. Детскиот труд ја одржува сиромаштијата.

2: Сиромашните семејствата имаат потреба децата екомоски да допринесуваат за нивниот опстанок.

Кога ќе се покрене прашањето за елиминација на детскиот труд, луѓето речиси веднаш се противат велејќи "Како ќе преживеат сиромашните семејства без додатниот приход од нивните деца?" Сиромаштијата на домаќинството е општо прифатена како главната причина за детски труд. Сепак, ова не е целосно точно. Како што кажува и митот бр.1, може да се вклучени и други фактори. Некои семејства имаат проблеми да преживеат без платата на нивните деца. Сепак, отстранувањето на децата од работа не мора да претставува толкав проблем како што се очекува. Пренасочувањето на децата работници на училиште е многу подобро за семејствата на долгорочен план.

Додека детскиот труд го зголемува домашниот приход на краткорочен план, тежнее да остави спротивен ефект на идните генерации.

3: Децат се посоодветни за некои видови работа одколку возрасните, бидејќи имаат незаменливи вештини (на пример, нежни прсти и спретност).

Историски, се варувало дека децат се попогодни за некои видови на работа отколку возраснисте. Ове често се употребува како изговор за употреба на детскиот труд во индустријата за плетење теписи., на пр. детските "нежни прсти" можат да врзат помали и поцврсти јазли. Аргументот "нежни прсти" е целосно погрешен за многу различни индурстрии. Дури и кај рачното врзување јазли на теписите, кое бара одредена спретнотс, емпириска студија врз повеќе од 2000 плетачи на теписи, покажува дека децата не се подобри од возрасните. Некои од најдобрите теписи, со најголема густина на мали јазли, се изработени од возрасни.

4: Детскиот труд е потребен за економскиот развој.

Не постајот докази кои ја поддржуваат теоријата дека децата мораат да работат, се додека економскиот развој и технолошкиот напредок не ги заменат.
Историски гледано, елиминацијата на детскиот труд и негова замена со универзално образование доприенло за еконосмкиот развој на земјите. Детскиот труд го одразува не-инвестирањето во образование и иднината на една нација. Образованието е срцето на развојот. Се додека 246 милиони деца на возраст од 5-17 години работат, како би можеле тие да одат на училиште? На децата работници по автоматизам им е ускратено нивното право на образование. Уште повеќе, детскиот труд го попречува на економскиот развој. Помалку вештите работнице имаат помала продуктивност што допринесува за помал приход на земјата.


5: Детскиот труд е важен дел од раното образование.

Милиони деца работници пропуштиле критично време во нивниот психолошки и ментален развој за да работата деноноќно. Основното и средно образование не збогатува само со знаење и вештини за соодветно идно вработување, туку им овозможува на децата да стекнат и социјални вештини. Понатаму, образованието ги оспособува децата да стекнат знаење за нивните основни права и да го сфатат својот потенцијал.

Сознанијата не се согласуваат со тврдењето дека децата имаат корист подоцна во животот од нивната работа на рана возраст. Детските работници на крајот завршуваат како социјални случаи и ја празнат националната економија. Со малку или воопшто образование, тие ќе пораснат да бидат помалку здрави и помалку продуктивни отколку возраен кој не работел се додека не достигнал зрелост.
 

6: Децата имаат "право" на чесна работа.

Некои групи го поддржуваат правто децата да работат и да им се овозможат подобри работни услови. Сепак, самиот концепт во кој децата работат ги прекршува сите стандарди поставени од интернационални конвенции повразни со децата. За детските права неможе да се преговара. Сите деца имаат еднакви права, без дискриминација , без оглед на нивната економска, социјалан или биолошка позадина. Нивната потреба да работата поради еконсми потреби, или други причини, не создава ново детско "право" да работат за сметка на нивното образование, игра и заштита. Присилувањето на децата да работа за сопствен опстанок е одбивање на нивните основни права од општеството.

7: Децата се "поефтини"; тие чинат помалку за да се најмат

Постои "економскиот" аргумент дека е многу поефтино да се вработи дете отколку возрасен, бидејќи децата се помалку платени од возранисте. Сепка, Интернационалната Организација на Трудот наоѓа дека заштедата од цената на трудот при употреба на детски труд е многу мала: помалку од 5%

Scroll to top