Волонтирање или доброволна работа е дејствување на луѓе кои имаат добра волја да го вложуваат своето слободно време, труд, знаење и работа за добробит на заедницата без паричен надомест. Волонтирањето е еден од најсилните елементи кои интензивно придонесуваат за демократските промени во секое општество. Преку волонтирањето се создава чувство на одговорност кон заедницата, кон децата и воопшто луѓето од сите возрасти, постојано освестувајќи ја важноста на вредностите како: солидарност, заедништво, рамноправност, ненасилство, грижа за околината итн. На тој начин работејќи за другите градиме поправедно општество и истовремено работиме и за себе.
Што е потребно за волонтирање: мотивираност, емпатија, способност за активно слушање, исполнителност, посветеност, интерес, време, јасна и недвосмислена желба за доброволна работа во која имате знаење и способности, или да сте подготвени да учите ако немате доволно познавања.
Волонтерите и волонтерките секогаш биле и се многу важен дел од работата на ПДАС Меѓаши. Секоја година се вклучуваат нови волонтер(к)и кои добиваат континуирани обуки на различни теми преку кои им се овозможуваат повеќе придобивки (развивање чувството на грижа за децата, желбата за соработка, позитивен ангажман, чувството на општествена поврзаност, развој на граѓанска свест, запознавање на младите со улогата и работата на граѓанскиот сектор...) Програмата за волонтирање ја креираме и со цел да им овозможиме на младите да учат, да се надградуваат и лично и професионално, да се вклучуваат како активни граѓан(к)и во општествените текови, развивајќи го нивниот сензибилитет за различни општествени прашања кои се важни за нив и од нивен интерес. Затоа Детската амбасада МЕЃАШИ е отворена за волонтер(к)и (студенти и/илидипломирани психолози, педагози, социјални работници кои активно би се вклучиле во дежурства на Алобушавко/телефонот за да остане достапен на децата 24/7ч. Покрај дежурството, волонтер(к)и ( студенти, дипломирани и/или средношколци) се потребни на Ало Бушавко телефонот за деца и млади и во делот за промоција, грижа за социјалните мрежи, креирање промотивен материјал, kако и за активно вклучување во секојдневната работа на организацијата и во активности поврзани со проекти.
Со започнување на волонтерскиот ангажман, волонтерите ќе имаат обезбедена обука за Политиката за заштита на децата, преку работа и директно вклучување во работата и активностите на ПДАС Меѓаши.
Како да станеш волонтер: Јави се на 070 390 632 во секое време или на alobushavko@childrensembassy.org.mk
Краток опис на волонтерските позиции
1.АлоБушавко - телефон за деца и млади
Име на волонтерска позиција- оператор(ка)/советувач(ка) на телефонот Ало Бушавко
Краток опис: волонтерот/волонтерката ( студент/ка или дипломиран/а психолог,педагог, социјален работник) ќе помага за обезбедување на 24/7 поддршка на деца и млади на детскиот телефон. По секој повик пополнува образец од случајот и го испраќа до координаторот на Ало Бушавко. На крајот од секој месец обезбедува извештај за остварените дежурства.
Потребен број на волонтери: 10
2.Социјални мрежи
Име на волонтерска позиција- автор на содржини за социјални медиуми ( студент/ка, дипломиран/а и/или средношколец/ка)
Краток опис: Креирање на содржини за социјалните мрежи (инстаграм, фејбук и вебсајт) на АлоБушавко и ПДАС Меѓаши со цел поголемо информирање на општата и целната популација за услугите и дејностите на самата организација.
Креирање на содржини за кампањи за подигнување на свест во рамки на проектни активности на самата организација.
Потребен број на волонтери: 3
3.Организација и логистика на настани и активности
Име на волонтерска позиција- Асистент при организација и логистика на настани и активности.
Краток опис: За потребите на своите тековни активности/настани, ПДАС Меѓаши има потреба од волонтери ( студенти, дипломирани и/или средношколци) за поддршка при организација на хуманитарни активности, роденденска забава, прес - конференции, работилници, обуки и сл.
Потребен број на волонтери: 5.
4.Програма за неформално образование- детски работилници
Име на волонтерска позиција - волонтер за детски работилници.
Краток опис: волонтерот/ката ( студент/ка, дипломиран/а и/или средношколец/ка) ќе помага за обезбедување на материјалите за обука и организација на работилниците. Контактирање на соработници и реализација
Потребен број на волонтери: 5
5.Проектни активности
Име на волонтерска позиција: асистент за логистика и поддршка за имплементација на проекти
Краток опис: волонтерот/ката ( студент/ка, дипломиран/а) ќе биде одговорен за подготовка, логистика и организација на волонтерски акции во рамките на проектот.
Потребен број на волонтери: 2.
http://www.childrensembassy.org.mk/WBStorage/Files/vodic%20mk%20cel.pdf