Корпоративни донатори
Донациите од бизнис секорот како извор на обезбедување средства за активностите на Првата детска амбасада во светот Меѓаши преставуваат мал но значаен процент од годишниот буџет на организацијата. Во изминатите години соработките со бизнис секторот главно биле во насока на поддршка на нашите сервиси особено во моменти на криза и немање средства кога се доведувало во прашање функционирањето на истите. Ваквиот вид на соработки е важен не само поради обезбедување континуитет во работењето на сервисите и спроведувањето на активностите туки и поради заеднички ангажман при решавање важни прашања поврзани со децата и нивните права.
Како позначајни придонеси на корпоративните донатори би ги издвоиле активностите за поддршка на ранливи категории деца преку хуманитарни акции, новогодишни пакетчиња како и кризни состојби (поплави, војни, земјотреси), поддршка на АлоБушавко линијата и платформа за деца и млади, како и донациите во производи или услуги.
Последна поголема соработка со бизнис секторот беше соработката со многу компании по повод 30 годишнината на Првата детска амбасада во светот Меѓаши поточно настанот „Да ги вратиме детските насмевки во мода“ кога истите дадоа придонес во обезбедувањето континуитет во работата на АлоБушавко линијата и платформа за деца и млади.
Првата детска амбасада во светот Меѓаши е секогаш отворена за соработка со бизнис секторот во кој гледаме партнер кој не е само донатор на средства туку има и активна улога во процесот на планирање на акивностите и го следи имплементирањето. Воедно Првата детска амбасада сериозно ја зема предвид општествената одговорност на компаниите така што средствата кои подразбираат набавки на производи и услуги од бизнис секорот ги насочува кон таков вид на компании. Еден од критериумите за избор на добавувач покрај цена и квалитет е и општесвената одговорност, што значајно влијае при изборот на добавувач.