Сервис за поддршка на ранливи категории
Сервисот за подршка на семејства кои се соочуваат со поголеми предизвици поради кои ги сметаме за семејства во ризик при Првата детска амбасада во светот Меѓаши функционира повеќе од 10 години. Овој сервис нуди поддршка најмногу во облека и обувки но доста често успева да ја прошири поддршката и во храна, хигиенски средства, училишен прибор, покуќнина, електрични апарати, компјутери и телефонски уреди и др.
Со поддршка од локалното население и донациите овој севис успева постајано да е во функција и да нуди облека и обувки на тие со најитни потреби, секој работен ден. Компаниите кои работат со производство и дистрибуција или продажба на прехрамбени и хигиенски производи но и друг вид на производи секогаш може да се вклучат во подршка на овој сектор при Меѓаши и заднички да придонесеме во поддршката на овие семејства.



